ЦУК: Изгаснати 18 пожари на отворено
Во последното деноноќие изгаснати се 18 пожари на отворено, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На територија на РЦУК Скопје и РЦУК Тетово изгаснати биле по четири пожари, а на територија на РЦУК Битола, РЦУК Штип и РЦУК Куманово по три пожари. На територија на РЦУК Струмица изгаснат е еден пожар на отворено.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.966 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 32,21 отсто, а 66,79 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полицијата биле упатени 60,32 отсто, кон итната медицинска помош 32,79, а кон пожарникарите 4,05 отсто од реалните повици кон 112.
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев