ЦУК: Четири исчезнати лица на Кожув пронајдени во координација со локалните структури
Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи.
- Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи лицата повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа, односно на 4 февруари, во саботата. Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четири броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста „Мала Рупа“ на планината Кожуф, информираат од ЦУК.
Од ЦУК нагласуваат дека, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри во Струмица и во Гевгелија, веднаш стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку Кабинетот на градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија.
- Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата Смрдлива Вода, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови, известуваат од ЦУК.
Оттаму потенцираат дека ја координирале и ја следеле ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата