ЦУК: 1.708 повици на 112 во последното деноноќие
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 708 повици на Единствениот број за итни случаи 112.
- Од нив „реални“ повици биле 58,02 отсто, а 41,98 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,42 отсто, кон Итната медицинска помош 27,24 отсто, a кон пожарникарите 5,06 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението.
ЦУК информира дека Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 21 часот и 46 минути, регистрирала земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Земјотресот бил почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Во последното деноноќие, како што соопшти ЦУК, имало регистрирано седум пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле ѓубришта, депонии, стрништа, сува трева и ниска деградирана шума.
Центарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко