ЦУ: Криел трамадол во блузи, фармерки и чорапи, спречен шверц на Табановце | ВИДЕО
Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, соопшти утринава Царинската управа.
„Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид“, појаснуваат од царина.
Како што појаснуваат од царина, случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска.
Против македонскиот државјанин е поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје