Црвениот крст од Гевгелија за 8 месеци собрал 500 единици крв
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија на полето на крводарувањето во изминатите осум месеци стигна до бројката од собрани 500 единици крв кои се реализирани со голема помош од службата за трансфузија при гевгелиската Општа болница.
- Изминатиот месец поради користење на годишни одмори не бевме многу активни на терен.Собравме 28 крвни единици од доброволните дарители само во просториите на болницата во Гевгелија.Многу поуспешни бевме во текот на јуни и јули кога од трите акции што ги спроведовме во Дојран, на турнирот во мал фудбал во Миравци и со полицајците од Гевгелија, собравме повеќе од 120 крвни единици благодарение на кои стигнавме до објавениот резултат, информираат надлежните од гевгелискиот Црвен крст.
Активностите на полето на крводарувањето ќе продолжат во текот на овој месец со најавените акции меѓу текстилните работници и средношколците од Гевгелија и Богданци кои редовно ја даруваат драгоцената течнот неопходна за спасување човечки животи.
Ново на Сител
-
ЈСП со две нови линии за Саемот на книга, „100“ и „200“
-
Кривична против кавадарчанец кој крадел од болница и верски објект
-
Запалил стан и викендица, поднесено обвинение за зетот на Зоки Фаци
-
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала
-
САД и Кина почнуваат преговори за царините
-
Приведен малолетник во Куманово, украл мотоцикл
-
Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете
-
Министерот Муцунски го пречека претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ