-->
-->
Црвен крст: Очајна е ситуацијата во Мариупол
-->

Сите продавници и аптеки беа ограбени пред четири или пет дена. Некои луѓе сè уште имаат храна, но не сум сигурен колку долго ќе потрае, изјави Саша Волков, заменик-шеф на подделегацијата на МКЦК во Мариупол.
Тој изјавата ја испратил во средата преку сателитски телефон од градот, каде комуникацијата со надворешниот свет во најдобар случај е тешко возможна.
Луѓето се разболуваат од студ и влага. Тие почнаа да се напаѓаат за храна… си ги уништуваат автомобилите едни на други за да наточат бензин. Многумина немаат вода за пиење. Подрумите кои нудат поголема безбедност од гранати и бомби се резервирани за мајки со мали деца, тврди Волков.
МКЦК со седиште во Женева со денови се обидува да организира евакуација на 200.000 луѓе од Мариупол, кој е под опсада на руската армија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор