Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани
Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Северна Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 годинава.
Како што информира Црвениот крст, заклучно до денеска во неколку наврати оваа организација изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.
-Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250 денари. Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари, стои во соопштението.
Преостанатите средства во износ од 46.593.866 денари на сметката на Црвениот крст, како што се наведува, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата.
Најавува дека за тоа ќе информира.
Црвениот крст се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Продолжуваат со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка во обид, како што велат, да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.
Ново на Сител
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш