Црногорската опозиција бара предвремени парламентарни избори
Црна Гора се наоѓа во сериозна политичка криза, а единствен излез од неа е одржување на предвремени парламентарни избори, изјави потпретседателот на црногорската опозициска партија Обединета реформска акција (УРА), Милош Конатар.
Тој во интревју за подгоричкиот весник „Дан“ вели дека и на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) и е јасно дека нови избори се единственото решение.
- Очекувам дека за доброто на граѓаните и на Црна Гора, ќе биде постигнат договор за нови парламентарни избори и за создавање услови тие да бидат слободени и фер. Без датум за избори нема начин да се одблокира политичката криза во Црна Гора, додаде Конатар.
Тој оцени дека одговорноста за решавање на политичката криза не е на опозицијата, туку на актуелното, според него, „измислено парламентрано мнозинство, кое го узурпира Парламентот“.
Црногорската опозиција ја бојкотира работата на Собранието на Црна Гора уште од одржувањето на последните избори лани во октомври.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024