Црните саѓи во возухот го алармираа Советот на Кавадарци
Црните саѓи во возухот на Кавадарци го алармираа Советот на градот. Советникот Лазар Туриманџов побара, а неговите колеги прифатија на посебна точка на седницата која се одржа вчера попладне, да се расправа околу тоа што се случува во последните три дена. Какви се тие саѓи што летаат низ градот како партали, од каде и зошто.
Туриманџов рече дека ситуацијата е алармантна, а градот на врвот по загадување во светот.
– Да се најде причинителот на загадувањето. Крајно време е да се преземат мерки за поколенијата. Некои направија фирми и од нула станаа милијардери, трупаат милијарди, а нас не загадуваат. Според моите сознанија, голем е бројот на кавадарчани на онкологија во Скопје. Страшна работа е ова. Се уништува градот, рече Туриманџов нагласувајќи дека тешки камиони повторно сообраќаат низ градот, наместо по регионалниот пат за Росоман. Според него, околу 500 камиони за 24 часа минуваат низ Кавадарци.
Никола Трендафилов соопшти податоци за загадувањето во Кавадарци од 18 јануари до 18 февруари 2019 година, споредено со истиот период лани. Концентрацијата на пм 10 честичките во тој период е речиси иста. Има неколку денови во кои концентрацијата оди над 450 микрограми на кубен метар. Во триесетина дена, 3-4 дена има случај кога концентрацијата е во рамките на законски дозволените граници, до педесет микрограми. Загадувањето е најголемо навечер. Потсети и на мерките кои се преземаат против загадувањето како пошумување, субвенционирање на еколошко затоплување во домовите, обезбедување прочистувачи на воздух во воспитно образовните институции. Повика да се намали користењето возила кога не е неопходно да бидат во функција, да не се горат искроените прачки во лозјата. Побара да се решава проблемот, но прво да се постави дијагнозата.
Развигор Кабранов рече дека со урбанизацијата која била направена во северниот дел на градот, ружата на ветрови била сопрена. Нагласи дека е добро што се прави нов локален еколошки акционен план, ќе се утврдат загадувачи и посочат мерки. Побара да се испита и почвата, со децении трпи од третирањата со пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделството. Следната година да се издвојат пари и за тоа.
На седницата беа побарани и казни за загадувачите.
Советот на општината донесе заклучок на идната седница повторно да се разговара на оваа тема и да се бара решение, а дотогаш, да се обезбедат и соодветни податоци за загадувањето, врз кои ќе се темелат и понатамошните одлуки.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино