Џет-Сет
28. December 2017 - 17:52

Црни чизми над колена и нешто спектакуларно горе: Цеца во топ комбинација која се памети

Популарната српска пејачка одлучи накрајот од годината да ги израдува своите фанови со една феноменална фотографија.

Таа одлучи да позира во гламурозна и сексипилна комбинација и изгледа навистина фантастично.

Цеца се одлучи за раскошна шарена бунда и чизми кои оваа сезона се во тренд, а се долги над колена.

Фановите на дивата ја опсипуваа со комплименти и ласкави коментари, и заклучија дека кога „некој умее, навистина умее“.