Црна Гора: Се затвораат угостителски објекти во уште пет градови
Угостителските објекти во Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак од понеделник ќе бидат затворени поради влошената епидемиолошка состојба во тие општини, објави Црногорскиот институт за јавно здравје во Подгорица.
Стапката на заразување со коронавирусот во тие општини е над 800 на 100.000 жители, со што автоматски преминуваат во групата општини во кои од понеделник ќе се применуваат построги антиепидемиски мерки кои ќе траат 14 дена.
Според новите правила, забрането е собирање во станбени згради на лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство, пренесува „Вијести“.
Институтот не соопшти дали и училиштата во споменатите општини ќе бидат затворени од понеделник, но според досегашните мерки, за училиштата во општините каде кумулативната инциденца надминува 800 на 100 илјади жители, се планира премин кон онлајн учење.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска