Ципрас: Сите страни да обезбедат услови за развој на Грција, наместо да ја казнуваат
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во статија за електронското издание на весникот „Волстрит Џурнал“ ги повика денеска сите страни да прекинат со казнените практики кон Грција и да обезбедат услови за развој на земјата.
Ципрас се осврнува на конфликот меѓу европските институции и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои според него довеле до забавување на преговорите со кредиторите.
Статијата е објавена пред денешната пролетна сесија на ММФ и Светската банка во Вашингтон.
Грчкиот премиер во статијата се обидува да испрати порака дека Грција е подготвена повторно да влезе во сферата на растот и да привлекува странски инвестиции, но смета дека за тоа е потребно сите страни да обезбедат таква можност за земјата.
Ципрас истакна дека од суштинско значење за Грција е да бидат преземени одлучни чекори за олеснување на нејзиниот долг.
- Конфликтот меѓу ЕУ и ММФ за грчкиот долг и одзема драгоцено време на земјата и го забавува долгоочекуваното враќање на патот на развојот. Најсигурниот пат за постигнување на таа цел е да се поттикне растот и да се стави крај на казнените мерки од минатото, пишува грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец