Ципрас доби мандат да формира влада, се очекува заклетва
Лидерот на Сириза Алексис Ципрас доби мандат да формира влада од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописникот на МИА од Атина.
Во разговорот со престедателот, Ципрас го информирал дека ултрадесничарската партија Независни Грци, повторно ќе учествува во новата влада.
Малку подоцна, Ципрас ќе положи заклетва како нов премиер на Грција, вторпат оваа година.
Лидерот на десничарската партија Независни Грци Панос Каменос претходно потврди дека неговата партија повторно ќе биде партнер на Сириза во новата влада.
- Тоа ќе биде прогресивна влада, влада која ќе продолжи со задачите што ги презедовме изминатите шест месеци, и се надевам дека пратениците ќе ја сфатат пораката на грчкиот народ за национално единство, изјави Каменос по средбата со Ципрас.
Партијата Сириза на Ципрас освои 145 места во парламентот кој има 300 членови, додека партијата на Каменос освои 10 места.
Двете партии ќе имаат вкупно 155 пратенички мандати, што ќе им обезбеди мнозинство.
Ново на Сител
-
Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација
-
САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел
-
Сообраќајот умерен, застои нема
-
Сончево и топло, до 27 степени
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“