Ципрас: Денес е историски ден, Северна Македонија ќе биде земја пријател
Северна Македонија, која се роди денес ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Следните генерации и во двете земји им должат благодарност на пратениците кои со храброст и смелост ги поставија темелите за иднина на мир, солидарноста и хармоничен соживот меѓу двата народи. Северна Македонија која што се роди денес ќе биде земја пријател. Сојузник и поддржувач на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилност и заеднички развој во регионот, напиша грчкиот премиер.
Алексис Ципрас на почетокот од твитот напиша дека Грција денес заштитува значаен дел од нејзината историја, од културното наследство и античката грчка историја.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити