Човечност, солзи, комплименти: Непознат патник во авион со својот потег го воодушеви светот
Љубезниот гест на непознат човек ја остави една мајка, а и остатокот од светот во солзи. Келси Реј Звик патувала од Орландо во Филаделфија со својата 11 месечна ќерка Луси на лекување во детската болница, каде непознат човек ја воодушеви со неговиот гест.
Во објава на Фејсбук, Келси напиша дека таа и Луси се качиле на лет од авио-компанијата American Airlines 588 кога во еден момент им пришла стјуардесата и им рекла дека патник од првата класа сака да се замени со нивното седиште.
Воодушевената мајка му се обрати на социјалната мрежа Фејсбук, а нејзината објава стана вирална.
“Не те познавам, но замислувам дека некаде си нѐ видел. Туркав количка, носев пелени во рацете и ја влечев машината за кислород за мојата ќерка”, започна мајката која откри дека не можела да се воздржи од плачење.
Со оглед на тоа дека не можела прописно да му се заблагодари, одлучила тоа да го направи на Фејсбук, а многумина признале дека оваа приказна ги растажи.
“На светот му се потребни вакви приказни”, “Има надеж”, “Солзи”, се само дел од реакциите.
“Ме потсети на тоа колку добрина има во светот”, рекла мајката и на патникот му се заблагодари не само за тоа што ги замениле седиштата туку и за тоа што воопшто ги забележал.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип