Членство на Македонија во НАТО по финализирање на внатрешните процедури
– Нацрт заклучоците на Самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија добива денеска покана за старт на преговори за членство во Алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни проедури.
- Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе и додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне преговори со Алијансата. Целосна имплементација на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес, стои во нацрт заклучоците.
Заклучоците го поздравуваат и Договорот со Бугарија.
- Ги поздравуваме напорите на Владата во последната година и значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети и охрабруваме дополнителни реформи за да се зајакне придонесот кон Алијансата, ќе стои во заклучоците.
НАТО ги поздравува и напорите за градење мултиетничко општество и повикува на дополнителни напори во таа област. НАТО го поздравува и македонскиот придонес во неговите мисии и меѓународната безбедност.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени