Членките на НАТО бараат одржување состанок на Советот НАТО-Русија
Земјите од Северноатлантската алијанса сакаат да ја поканаат Москва кон крајот на февруари или почетокот на март на дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија, кој не е свикан повеќе од 20 месеци поради кризата во Украина, изјавија дипломати, јави БТА.
Се очекува на седницата да учествуваат постојаните претставници на 28-те земји-членки од НАТО и постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко.
- Седницата нема да се одржи пред средбата на министрите за одбрана на земјите од НАТО, закажана за 10 и 11 февруари во Брисел и најверојатно ќе се одржи кон крајот на февруари или почетокот на март, изјави дипломатски извор.
- Доколку Русија прифати, ќе треба со неа да го договориме дневниот ред. Украина ќе биде една од темите, додаде тој.
Според други дипломати меѓу темите ќе биде прекинот на воздушните инциденти, особено на турско-сириската граница, како и прашањето за транспарентноста на воените вежби, организирани од Русија.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг