-->
-->
Член на Судскиот совет бара да биде разрешен од функцијата
-->
Владе Богданоски, член на Судски совет бара да му престане мандатот заклучно со крајот на овој месец. Во барањето испратено до Собранието, Богданоски наведува:
-Барам да ми престане мандатот на член на Судскиот совет, заклучно со 31 мај 2021 година, поради лични причини, пишува во барањето на Богданоски испратено до Претседателот на Собранието.
Документот во законодавниот дом бил доставен на 20 април. Престанокот на мандатот ќе треба да го констатира Собранието на пленарна седница која неофицијално треба да се одржи на средината од месецов.
Богданоски за член на Судски совет беше избран во 2016-та година.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование