-->
-->
Чистење канали и пропусти на подрачјето на Крива Паланка
-->
На повеќе локации во Крива Паланка извршено е расчистување на објекти за одведување и пропуштање отпадни води за што се ангажирани пет невработени лица, активни баратели на работа од општината.
-Општина Крива Паланка со ангажирање на пет невработени лица во текот на овој месец спроведе чистење на отворени канали, цевчести пропусти, сливници и други објекти со акумулиран земјен материјал и разновиден отпад.Со акцијата досега се расчистени над 30 водопропустни и одводни објекти од кои се извадени над деведесет метри кубни материјал, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Активностите се реализираат со цел создавање услови за нормален проток на атмосферски води во период на обилни врнежи и дотекување поголема количина вода во населбиите, како дел од превентивните дејства за заштита од поплави во општината.
Акцијата ќе трае до средината на декември 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг