Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
Пасошот и личната карта му се дома, четврти ден се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, информираа попладнево од навивачката група „Винари“ од овој град, на „Фејсбук“.
- Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци, соопштија од „Винари“.
Оттаму нагласија дека според луѓето кои го познаваат, можно е да е во некоја напуштена викендица или куќа или пак во манастир.
- Пасошот и личната карта му се најдени дома, па не би можел легално да испадне од државата. Замолуваме, доколку имате сознанија или го забележите, контактирајте ја полицијата или јавете се на броевите 078-909-481 и 075-691-727, споделија од „Винари“.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес рекоа за МИА дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД
-
Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19
-
Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка