Четворица пациенти починале во болница во Газа по израелски упад
Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека четвртиот пациент починал во болницата Насер бидејќи при вчерашниот израелски упад во тој објект било прекинато напојувањето со електрична енергија, а снабдувањето со кислород било ограничено.
Претходно, тројца пациенти починаа во текот на ноќта во таа здравствена установа во Кан Јунис, пренесува Ал Џезира.
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, вчера изјави дека Израел извршил „масовен упад“ во болницата Насер, по што следеле истрели, во кои се ранети неколку раселени лица кои се засолниле таму.
Тој рече дека армијата им наредила на лекарите да ги преместат сите пациенти во постара зграда која не е соодветно опремена за лекување, пишува Тајмс оф Израел.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека имаат „веродостојни разузнавачки информации“ дека Хамас држел заложници во болницата и се сомневаат дека уште некои се внатре.
Израел го обвинува Хамас дека користи болници и други цивилни структури за да ги заштити своите борци, додека Хамас тоа го негира.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин