-->
-->
Четиринаесет лица починаа од горештини во Јапонија
-->
Најмалку 7.500 лица се примени во болница со топлотен удар во Јапонија во последните две недели, од кои 14 починале, соопштија јапонските здравствени власти.
Околу 15.000 луѓе се хоспитализирани во земјата од крајот на април досега поради високите температури.
Кон крајот на минатиот месец Јапонија ја зафатија големи горештини. Дневната температура во централните делови од земјата надминува 37 степени Целзиусови. Во југозападните провинции топлото време е придружено и со поројни дождови, кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.
Јапонската метеоролошка служба соопшти дека ова лето се очекуваат огромни горештини на архипелагот, а причина за тоа се климатските појави Ел Нињо и Ла Ниња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза