Македонија
25. July 2023 - 17:58

Четиригодишно девојче пренесено во болница откако испила 5 апчиња оставени на маса

Четири годишно девојче заврши во Медицинскиот центар Гостивар откако испило 5 апчиња до кои се дофатила на маса во домот. 

Во пријавата од мајката Б.Џ. (33) од Куманово, се вели дека нејзината малолетна ќерка била оставена сама дома, а откако таа се вратила забележала дека испила пет апчиња кои биле оставени на масата. 

Од СВР Тетово се преземени мерки за расчистување на случајот.