Четири жртви во пожар во Бар
– Четири неидентификувани лица загинаа во пожар во Бар, јави црногорски „Вијести“. Претставници на полицијата за телевизија „Вијести“ потврдиле дека меѓу жртвите има тројца малолетници.
Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица, јавува Бар инфо.
– Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живее ромско население.
Пожарот зафатил неколку објекти.
На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела, рекле претставници на полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.
Екипите сè уште се на терен.
Ново на Сител
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа