Четири нови случаи на Ковид 19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше
Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи. Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП „Комуналец“. По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на ковид-19.
Според информациите на Меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица. До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26, Во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово и Ростуше два.
Од почетокот на пандемијата, во Гостиварско направени се 454 тестирања, Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на ковид-19 во Гостиварско починаа три лица.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи