Четири компании добија грантови за иновации со третиот повик на Фондот за иновации
Четири компании се избрани за финансирање иновативни проекти со грантови до 30.000 евра на третиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој.
Грантови за комерцијализација на иновации добиваат компанијата „Вижндинамикс“ за систем за креирање 3Д мапи од дрон, „Ресин“ лабораторијата за индустриски наоди и технологија, која создала магнетна ЦНЦ плазма дупчалка на челични отвори, „ДТК Смарт ТЕК“ за интегриран интернет базиран информациски систем за менаџирање со енергија и „Веблајдерс“ за креирана платформа за секундарди туристички услуги.
Добитниците на грантовите на денешното објавување на резултатите од повикот истакнаа дека очекуваат да ги комерцијализираат иновациите и што поскоро и да ги пласираат и на домашаниот и на меѓународниот пазар.
Иновацијата на „Вижндинамикс“ ќе може да се користи во катастарот и градежништвото и ќе треба да ги намали времето и трошоците за креирање мапи. - Иновацијата со нивниот систем е што 3Д мапите би биле многу прецизни и точни во рангот на ласерски скенери, но многу пооевтино за експолатација. Системот работи во реално време и користи метод на симултано локализирање и мапирање, што значи дека мапата може да се корегира за време на креирањето и за време на летот во реално време, рече Душко Муртовски од „Вижндинамикс“.
Со новиот технолошки концепт за изработка на отвори, иновација на „Ресин“, според менаџерот Сашко Павлов, би се забрзало за 30 пати дупчењето челични отвори, а би го користеле сите фирми кои работат со челични конструкции.
Проектот на спин оф компанијата Смарт ТЕК, пак, е комплетна хардверска и софтверска изработка на универзален мерен уред кој ќе ги реискористи постоечките броила пред се во домашните компании но ќе може да се користи и во меѓународни рамки, појасни Филип Симјановски од ДТК Смарт ТЕК.
Идејата на иновацијата на „Веблајдерс“ е да се поттикнат домаќините да понудат различни секундарни услуги за туристичкото место во кое работат, како параглајдери, готвење традиционална храна, рече Михаил Стевчев од „Веблајдерс“.
Четирите иновативни проекти се избрани во конкуренција на 52 пристигнати на огласот на Фондот за инструментот чија цел е да се поттикне иновативноста кај претпријатијата и примената на иновативни решенија.
- Особено е важно што во избраните иновативни проекти се вклучени млади лица кои работеле на истражувања во рамки на универзитетите. Ќе имаат можност да ги продадат на пазарот решенијата во наредните година-две. Им посакувам многу успех, затоа што процесот на имплементирање, доразвивање, тестирање и дизајн на иновативните решенија и нивно пласирање на пазарот е многу неизвесен, рече на прес-конференција директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.
За финансирање проекти за третеиот јавен повик се обезбедени 450 илјади евра, а се планираше да бидат финансирани 15 компании.
Поповска апелира до учесниците на повикот чии проекти не се избрани за финансирање да ги земат предвид сериозно препораките од Комитететот за оценување. Со тоа нивните инмовации, како што рече, ќе бидат покомерцијални, поисплатливи, посмислени и поквалитетни за наредниот повик кој планираат да го објават во јануари следната година.
Третиот јавен повик беше отворен од 1 јули до 1 август за инструментот за поддршка кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани претпријатија коишто постојат најмногу шест години, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже