Чествување на двата историски Илиндена во Гевгелија
Општинскиот одбор на Сојузот на борците во Гевгелија денеска организираше чествување на двата историски Илиндена - 115 години од Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ.
Беше положено цвеќе пред споменикот на народниот херој Сава Михајлов и пред Костурницата на паднатите борци од Гевгелија и Гевгелиско.
Цвеќе положија делегации на гевгелиските борци и на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашо Поцков, како и претставници на политички партии и здруженија на граѓани.
За значењето на двата светли датума од македонската историја говореше претседателот на боречката организација Ристо Марковски, кој нагласи дека со двата Илиндена македонскиот народ пред целиот свет јасно ја искажал желбата да живее во своја слободна и независна држава.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат