Честитки до бискупот Стојанов од г-дин г-дин Стефан и од Реисул – Улема на ИВЗ
По повод празникот Рождество Христово – Божиќ, според грегоријанскиот календар, на 24 декември 2021 година до бискупот Стојанов пристигнаа честитики од кои ги издвојуваме од МПЦ – ОА, потпишана од архиепископот Македонски и Охридски г-дин г-дин Стефан и честитката од Реисул – Улема на ИВЗ во Македонија х.Хфз. Шаќир еф. Фетаи.
Во четитката на архиепископот Стефан се вели: „Радосниот празник на Христовото Рождество е спасоносниот ден во кој Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Човекољубивиот Бог уште од почетокот го избрал човековиот род за спасение, посинувувајќи го преку Својот Единороден Син, со што дал можност сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
Честитајќи Ви го Божиќ, Ви посакуваме изобилни духовни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи Ве со радосниот поздрав: Христос се роди“ – стои во честитката на архиепископот Стефан.
Архиепикопот Стефан својата честитка ја завршува честитајќи го и новото Лето Господово.
Честитка по повод празникот Божиќ до бискупот Стојанов упати и Реисул – Улема на ИВЗ во Македонија х.Хфз. Шаќир еф. Фетаи во која ги пренесува искрените и топли честитки од членовите на Исламската верска заедница во Македонија, како и од нејзините органи и тела, вклучувајќи ги и неговите лични честитки до бискупот Стојанов, како и до верската заедница и верниците.
Во честитката Реисул-Улема на ИВЗ во Македонија, Шаќир еф. Фетаи му посакува на бискупот Стојанов и верниците „со желби во молитви, добро здравје и расположение да ги поминете престојните празнични денови“ – стои во честитката од поглаварот на ИВЗ во Македонија.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата