Честитка од СДСМ за Курбан Бајрам: Да ги негуваме трагите на добрината и помагањето
По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во име на партијата и во свое лично име, упати честитка до исламските верници, до Исламската верска заедница, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и до членовите на Ријасетот на ИВЗ.
„Го честитам празникот на сите граѓани, припадници на Исламот. Ви посакувам добро здравје, мир и спокој во вашите семејства. Трагите на добрината, солидарноста и помагањето се трајни придобивки кои не потсетуваат на вредностите коишто овој празник ги возвишува.
Празникот Курбан Бајрам порачува помагањето и солидарноста со пријателите, со соседите, со сите коишто се околу нас да ги негуваме, да ја шириме добрината. Да продолжиме заеднички во тој дух, да го зајакнуваме нашето општество со еднакви шанси за сите. Честит Курбан Бајрам!“ стои во честитката на генералниот секретар Николовски.
Ново на Сител
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот