Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
- Дозволете ми на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.
Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни непогоди и социјални неправди. Особено се погодени најранливите меѓу нас. Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Повикани сме да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата.
Христос воскресна! Навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја
-
Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април
-
Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО
-
До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час
-
Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
-
Пронајдени 10 артилериски гранати во старата касарна во Битола
-
Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија
-
Се урна рингишпил во Добој, четири деца повредени