Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Курбан Бајрам
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници од муслиманска вероисповест во Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност, им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
- Ова е празник кога се зацврстуваат и се истакнуваат традиционалнте вредности на хуманост, толеранција, заедништво, како и човечките и меѓукултурните односи кај луѓето. Ова е празник кој цврсто не обединува во заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи, меѓусебно почитување на верските разлики и ни дава поттик заеднички да продолжиме да градиме поцврсти врски на меѓусебно разбирање и да создаваме вредности и дела за просперитет и развој на нашата држава, се вели во честитката.
Во духот на овие вредности, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници од муслиманската вероисповест им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува празничните мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта