Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на сесловенските просветители
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани во Република Македонија им го честита големиот државен празник 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
- Денес е денот кога Македонија со огромна чест и почит го слави и чествува делото на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, чие лик и дело остави траен и неизбришлив белег како во македонската култура и историја, така и во европската цивилизација.
Тоа е дело кое даде огромен придонес во описменувањето и културното издигање низ цела Европа и е дело должно за почит и вечно паметење. Република Македонија и сите ние сме особено горди на фактот што зачетоците на сесловенското просветителство започнале токму од тука, се наведува во честитката.
Но истовремено, како што велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сме свесни дека наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и чуваме нашиот јазик, традиција и идентитет, но и заеднички да продолжиме да даваме свој придонес кон сигурно чекорење по патот кој Светите браќа Кирил и Методиј оддамна ни го покажаа.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени
-
Мицкоски: Да не се врши притисок врз Уставен
-
Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?
-
Владата ќе бара решение за да не пораснат функционерските плати
-
Многу жени не одат на закажан скрининг за рак на дојка – Пациенти со симптоми пак чекаат со месеци за мамографија
-
Ситуацијата кај Буково алармантна
-
Министерството за дигитална трансформација отвори прв општински центар за услуги
-
Петрушевски: Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри