-->
-->
Честитка од Маричиќ по повод Бадник и Божиќ
-->
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги честита христијанските празници Бадник и Божиќ.
-Во исчекување на најрадосниот христијански празник, во духот на обичаите и верската традиција, ви посакувам Бадник да го поминете во добро здравје, духовен мир и среќа.
Божиќните празници нè зближуваат и секогаш нѐ потсетуваат на вистинските човечки и семејни вредности. Затоа овие празнични денови нека донесат среќа и задоволство во вашите домови, а истовремено нека се и поттик за единство, меѓусебно разбирање, почитување и солидарност. За многу години!, напиша Маричиќ на официјалната Фејсбук страница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи