Свет
7. July 2015 - 15:33

Чешки медиуми: И покрај амнестијата од 2013 година, чешките затвори се полни

Затворите во Чешка одново се речиси полни само 2,5 години откако беше објавена масовна амнестија и беа ослободени две третини од тогашните затвореници, јави ДПА.

Бројот на затвореници е над 20.000 од почетокот на јули. Тоа значи дека се „заземени“ 98 отсто од местата во чешките затвори, објави весникот Право.

Капацитетот на 15 од 35 затвори во 10-милионската Чешка е веќе е пополнет.

Во јануари 2013 година претседателот Вацлав Клаус објави амнестија пред да измине мандатот. Тогаш беше намалена цифрата на затвореници од 23.000 на 16.000.