Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
Две жени се убиени во напад со нож во продавница во Чешка, соопштија властите.
Чешката полиција соопшти дека утрово уапсила осомничен кој избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, кој се наоѓа на околу 100 километри источно од Прага.
Првично беше објавено дека двете жени се повредени, од кои едната тешко, но подоцна беше потврдено дека и двете починале. Засега нивниот идентитет не е откриен.
Полицијата го уапсила 16-годишниот осомничен на околу еден километар од местото на нападот, а во близина бил пронајден и ножот што најверојатно бил користен.
Чешкиот премиер Петр Фијала изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Она што денеска се случи во Храдец Кралове е апсолутно незамислив и ужасен чин“, напиша тој на платформата Икс.
Полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека нема закана за јавноста. Засега не се објавени дополнителни детали.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје