Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
Две жени се убиени во напад со нож во продавница во Чешка, соопштија властите.
Чешката полиција соопшти дека утрово уапсила осомничен кој избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, кој се наоѓа на околу 100 километри источно од Прага.
Првично беше објавено дека двете жени се повредени, од кои едната тешко, но подоцна беше потврдено дека и двете починале. Засега нивниот идентитет не е откриен.
Полицијата го уапсила 16-годишниот осомничен на околу еден километар од местото на нападот, а во близина бил пронајден и ножот што најверојатно бил користен.
Чешкиот премиер Петр Фијала изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Она што денеска се случи во Храдец Кралове е апсолутно незамислив и ужасен чин“, напиша тој на платформата Икс.
Полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека нема закана за јавноста. Засега не се објавени дополнителни детали.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин