Чедомир Јовановиќ: Ако Србија не го реши проблемот со Косово, ќе го решат други
Србија во 2018 година мора да излезе со решение за проблемите кои постојат на Косово, а доколку тоа не го стори, ќе го направат други, но без неа, оцени лидерот на српската опозициска Либерална демократска партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ
- Затоа логичен избор е во тој процес да бидеме фактор, наместо набљудувач, изјави Јовановиќ во интервјуто за новосадски „Дневник“.
Според него, Србија мораме да ги редефинира и односите со Москва, на која таа и е последно прибежиште на Балканот по неколкуте последоватални порази со кое се намали нејзиното влијание, пред се во Македонија и во Црна Гора.
- Србија остана платформа преку која Русија ја води својата борба со Западот. Изборите во Бих се исто така можност да покажеме степен на одговорност кој се очекува од нас и мораме да ги прекинеме тие специјални врски со (претседателот на Република Српска) Милорад Додик поради зачувување на БиХ како функционална држава, нагласува Јовановиќ.
Тој оценува дека на српската држава и е потребен „нов Устав на модерна Србија“, бидејќи постоечкиот со преамбулата за Косово, преставува „лутање и дезорентираност на оние што го донесоа и на идејата за Србија како за пуст остров излорин од остатокот на светот“.
На костатацијата дека дел од српските опозициски партии повеќе ја критикуваат ЛДП, отколку власта и дека тој станал „несакана опозиција на опозицијата“, Јовановиќ вели дека не мисли така и дека не би ги поставил така работите.
Ново на Сител
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста