Чеченија: Субвенции за невеста
Контроверзниот чеченски лидер Рамзан Кадиров им понуди парична помош на мажите во својата земја, кои поради корона-пандемијата, не можат традиционално „да си ги исплатат невестите“, пренесува Би-би-си.
Според обичаите, младоженецот во руската исламска Република Чеченија, треба да плати со пари за невестата, нејзе или на нејзините роднини. Но, поради негативното влијание на пандемијата врз економијата, многу мажи во Чеченија не успеваат да соберат доволно пари за таа традиција наречена „Урду“.
Затоа, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров им понуди помош на граѓаните. Првиччно, тој „обезбеди пари за 207 младоженци кои беа финансиски оштетени од самоизолацијата“, како што пренесуваат тамошните и светските медиуми.
Секој од младоженците ќе добие по 50.000 рубљи, што е еднакво на 630 евра.
Парите беа издвоени од добротворниот фонд именуван по таткото на Кадиров, Ахмат.
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тема на денот со Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за Безбедност
-
Голем пожар во Струмица
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани