Македонија
8. јуни 2020 - 14:40

Чаир на врвот по новозаразени со Ковид-19 во Скопје

Во Скопје во моментов има активни 720 случаи со ковид-19. Од нив, 67 се регистрирани денеска. На ниво на држава, пак, вкупниот број на нови случаи е 127. Активни се 1.343.

Во денешната статистика за состојбата со коронавирусот, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Министерството за здравство, ја објавија и статистиката за состојбата во главниот град по општини.

Таа е направена заклучно со вчерашниот датум, односно во неа не се вклучени денешните 67 случаи. Така, врвот го држи Чаир, а по оваа се општините Центар и Бутел. И двајца странци се водат како активни случаи во Скопје.

• Чаир-168

• Центар – 64

• Бутел – 63

• Гази Баба-58

• Аеродром-57

• Сарај-55

• Карпош-45

• Кисела Вода-35

• Арачиново-23

• Студеничани-19

• Илинден-18

• Ѓорче Петров-18

• Шуто Оризари-17

• Петровец-6

• Чучер Сандево-3

• Сопиште-2

• Странец-2

Скопје, заедно со Штип, Куманово и Тетово е еден од најкритичните региони и се очекува дали денеска Владата ќе одлучи во овие градови да врати дел од рестриктивните мерки, како што е полицискиот час.