-->
-->
Церар: Ги штитиме шенгенските граници, но ако треба ќе ја затвориме словенечката
-->
Словенечкиот премиер Миро Церар не ја исклучува можноста за затворање на словенечката граница доколку тоа го направи Австрија, изјавувајќи дека во случај на нов мигрантски бран по балканската рута Словенија ќе ги преземе сите безбедносни мерки и ќе ги заштити шенгенските граници.
- Моја должност е грижа за безбедноста на нашите граѓани и заштита на шенгенските граници, а тоа го правиме. Ако Австрија ја затвори својата граница, истото ќе го направиме и ние, за да не бидеме џеб во кој ќе доаѓаат бегалците, истакна Церар.
Тој додаде дека неговата Влада дејствува проактивно за да не дојде до тоа, а во подготовка е и закон со кој ќе се ограничи правото за добивање азил.
На прашањето колку е реална опасноста од нов бегалски бран, Церар признава дека бројот на бегалците во Словенија е многу мал, но дека постоечките капацитети за мигрантите сепак се полнат, а локалните заедници не се согласуваат со отворање на нови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори
-
Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
20-годишен скопјанец прегази пешак во скопско Марино
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
СДСМ бара одговорност за починатото бебе на детска клиника
-
Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете