Централен регистар и в сабота ќе прима годишни сметки и финансиски извештаи
Централниот регистар и в сабота на 24 февруари од 8:00 до 16:00 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар, информираат од институцијата.
Во понеделник, вторник и среда Централниот регистар ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, освен во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево, каде работното време ќе биде од 8:00 до 16:00 часот. Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши во понеделник, вторник и среда од 8:00 до 16:00 и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во УНИ банка.
- Субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март годинава, велат од Централниот регистар.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра