Македонија
27. October 2023 - 13:46

Цените на производителите на индустриски производи на годишно ниво пониски за 2.4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се на исто месечно ниво и пониски за 2.4 % на годишно ниво.

Во септември, во споредба со август годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 % и Трајни производи за 0.3 %.

Во споредба со септември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 7.8 % и Капитални производи за 6.1 %.