Бизнис
17. February 2024 - 16:38

Цените на недвижнините уриваат рекорди, колку се реални?

Стан од 50 квадрати се продава за 115 илјади евра, од 82 за 160.000 евра. Новоградба во центарот на главниот град - достигнува цена од рекордни 2.700 евра  за квадрат. Огласите преплавени со понуда на недвижни, но купувачи нема. Додека во Европа цените на становите паѓаат, кај нас вртаголаво растат. Може ли обичниот граѓанин, кој живее од плата, да си дозволи нов дом?

- Не може никој.Никој не купува од плата. Не 2,500 евра за квадрат, ни 1,400 евра во Кисела вода не купува. Со која просечна плата од 500,600 евра да купи? Или со Минимална од 200,3000 евра? Ова се купува со пари кои се стекнати. Тие што ги имаат и инвестираат во недижнини, вели Боби Митровски, агенција за недвижности.

Во моментов има експанзија на градење. Нема парк или паркинг кој не е претворен во градилиште. Но за година или две, кога ќе бидат изградени, ќе нема кој да ги купи тие станови. Дури тогаш може да се очекува пад на цената

- Сега има многу слободни станови, а нема купувачи. Дефинитивно, кога сетоа тоа ќе се изгради, дел од граѓаните ниту ќе имаат пари, ниту потреба од втор, трет или 4 стан. Тогаш ќе дојде до намалување, додава Митровски.

Во шпекулира дека со инвестирање во недвижнини се перат црните пари во земјава. Според податоците на Народната банка, во моментов заштедите на домаќинставата во банките изнесуваат 5,7 милијарди евра.  60% од нив ќе се инвестираат во недвижнини. Но пазарот веќе  е заситен, велат од агенциите. Тие што имаат вишок пари, веќе ги инвестирале во  2,3 стана,  па сега купуваат во соседството.

- За добра локација во  Солун , во центар , за убава зграда може палтите од  2,500 до 3000 евра за квадарт без проблем. Во Скопје ако денес купите стан за  3,000 евра квадрат, мене  ќе ми требаат 3 месеци да го издадам. Странците ги нема. Нема  обрт на бизнисот, нема економија која се движи. Цела економија во МК е во Скопје, цело економија се базира на недвжности.  Дали е зграда, дали  бизнис центар, мол. Секаде е градилиште, вели Митровски

Според статистичките податоци од пописот , секој трет стан во земјава е празен. Власта најавуваше дека ќе се зголемат даноците на имот за втор или 3 стан, но општините се уште не ги изгласаа промените. Идејата беше – зако станот не се користи подолго од 6 месеци во текот на годината, сопственикот ќе плаќа 3 пати повисок данок. Они пак кои воопшто не го користат, ќе платат 5 пати повеќе. Ако пак, сопственикот живее во станот, ќе плаќа 50% понизок данок. Во Европа веќе се применуваат повисоки стапки за 2 или 3 стан.