Цените на нафтата во пад поради потенцијалниот прекин на огнот во Газа
Цените на нафтата „потонаа“ на почетокот на азиското тргување денеска поради изгледите за конечен прекин на огнот во Газа. Тоа би можело да ги олабави глобалните резерви на нафта.
Во исто време, посилниот американски долар и послабите цени на нафтата го намалија расположението за побарувачката.
Нафтата „брент“ поевтини за 18 центи на 85,60 долари за барел до 0011 ГМТ. Фјучерсите на американската сурова нафта CLc1 паднаа за 19 центи на 80,88 долари за барел.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера рече дека верува оти разговорите во Катар би можеле да постигнат договор за прекин на огнот во Газа, што ќе ги зголеми шансите за поголемо глобално снабдување со нафта.
Блинкен се состана со арапските министри за надворешни работи и египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси во Каиро додека преговарачите во Катар се фокусираа на приближно шестнеделното примирје.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе ја разгледа американската резолуција за прекин на огнот во Газа.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија