Цените на храната во Германија во март повисоки за 22,3 отсто
Инфлацијата во најсилната европска економија, Германија, продолжи да паѓа во март, но остана висока на 7,4 отсто на годишно ниво, објави во четвртокот Федералниот завод за статистика.
Во јануари и февруари инфлацијата беше 8,7 отсто, а минатиот месец таа падна под осум отсто за прв пат од август. Тогаш стапката на раст на потрошувачките цени за 12 месеци изнесуваше точно седум
„Посебно страдаат домаќинствата, бидејќи нивниот буџет е оптоварен со нов скок на цените на храната“, рече претседателот на институтот Рут Бренд. Цените на храната во малопродажбата се зголемија за 22,3 отсто од март 2022 година.
Од друга страна, стапката на раст на цените на енергијата е значително забавена, на 3,5 отсто, по 19,1 отсто во февруари. Ова не беше неочекувано, бидејќи цените на енергијата драстично се зголемија пред една година како одговор на руската инвазија на Украина.
На цените влијае и таканаречената кочница на цената на гасот и струјата, односно државните субвенции на сметките на домаќинствата и компаниите за овие извори на енергија.
Инфлацијата е индекс на раст на цените на илјадници производи и услуги во малопродажбата. Укажува колку е еродирана вредноста на парите, односно куповната моќ на потрошувачите за иста плата.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија