Цената на златото достигнува историски максимум
Цената на златото скокна за 10,94% оваа година, поттикната од геополитичката нестабилност, вклучувајќи ја војната во Украина и зголемената инфлација.
Цената на златото ја поддржаа и светските централни банки на земји како Индија, Турција, Кина и Русија, кои купија рекордни количини злато.
Kалифорниската Silicon Valley Bank и Signature Bank во Њујорк банкротираа во март. Потоа на ред дојде европската банка Credit Suisse, која беше блиску до колапс, но беше спасена од банката UBS. По тие настани во март, загриженоста за продолжување на кризата беше намалена.
Сепак, стравувањата од натамошна банкарска криза повторно се разгореа минатата недела по веста дека банката First Republic поднесе барање за стечај и дека треба да биде преземена од JP Morgan, како и дека неколку други банки се изложени на ризик од банкрот. Регионалната банка PacWest Bancorp изгуби 70% од својата вредност во последните 5 работни дена.
Пазарите беа потресени од загриженоста за оваа „повторна разбудена“ финансиска криза во банкарскиот сектор и како резултат на префрлањето на средствата на инвеститорите во злато.
Повеќето трговци се согласуваат дека банкарската криза е фактор што ги турка цените на златото кон рекордно високо ниво, а кризата се чини дека е далеку од завршена во овој момент. Ситигруп очекува цената на златото да достигне 2.300 долари во наредните месеци.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња