Целосно осветлен тунелот пред Велес
Извршено е целосно осветлување на тунелот пред Велес. Осветлувањето е направено со лед светилки со што значително ќе се зголеми прегледноста на возачите а со тоа и безбедноста во сообраќајот, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
Се планира, информираат, да се изврши осветлување и пред и после тунелот.
Според Министерството за транспорт, во санација на тунели и клучки се планира да бидат вложени 670 илјади евра.
Претходно, потсетува ресорното Министерство, беше осветлен тунелот кај Катланово на автопатската делница Скопје-Велес. - Наскоро ќе се започне со работа и на третиот тунел на потегот Велес-Катланово и очекуваме до октомври оваа година да го завршиме комплетно осветлувањето, информираат од Министерството за транспорт и додаваат дека во исто време планираат да се осветли и клучката Велес – Север и крстосниците Прилеп - Плетвар и таа кај Крушево. Вкупната инвестиција за тој проект е 17, 6 милиони денари.
Минатиот месец, како што наведуваат, е започната санација и поставување сигнализација на тунелите на државните патишта. Преку тој проект ќе се санираат седум тунели: тунел Блаце, тунел на патот Градско-Прилеп, тунел на патот Битола-Прилеп, тунел на автопатот Велес-Катланово, и трите тунели на автопатот Катланово-Велес. Вкупната вредност на овој проект е 23,4 милиони денари и се очекува до крај на годинава да бидат завршени целосно. Генерално ќе вложиме околу 670 илјади евра само во санација и осветлување на овие тунели и клучки, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава