Балкан
25. November 2015 - 19:23

Цела Босна се смее, еве каков успех во училиште имал нивниот претседател

Дека се е можно во БиХ постои и доказ. Во јавноста излегоа оценките од училиште на актуелниот член на претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ.

Според она што може да се види, Бакир не бил ниту добар ученик ниту посебно писмен. Неговата ароганција кога говори за жителите на БиХ дека се неписмени, всушност е прикривање на сопствениот неиуспех, пишуваат босанските медиуми.

Ако е за утеха, Изетбеговиќ имал петка од одбрана и заштита.