Балкан
30. March 2018 - 10:09

Цел град се тресел: Детали за експлозијата во Подогрица во која загина маж

 

Дражен Чаденовиќ (31) загина вчера околу 19 часот во Подгорица кога во блендираниот автомобил кој го возел експлодирала бомба во  подземна гаража на Римскиот плоштад во Подгорица, јавуваат црногорските медиуми.

 Бомбата била ставена под автомобил и била активирана додека возилото се движело.

По една силна, се слушнале и две послаби детонации, јави  новинарот на РТЦГ од местото на настанот.

Граѓаните кои живеат во тој дел на градот биле многу вознемирени од атентатот.