Царовска во Гази Баба: Во недела да излеземе и да обезбедиме иднина за европска Македонија
Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалниата реформа, беа темите за кои министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска разговараше жителите на Општина Гази Баба.
На средбата со граѓаните министерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права, а тоа ќе го постигнеме преку искористувањето на европските фондови кои во секторот социјала за земјите од ЕУ достигнуваат и до половина милијарда евра годишно.
- Институциите се сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита. Ние сме подготвени да станеме позитивен пример во регионот и светот. Затоа трајно да влијаеме врз иднината на нашите животи и врз иднината на државата. Ние сме тие што со гласањето во недела одлучуваат за подобра иднина, за европска Македонија, рече министерката Царовска во Гази Баба.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот